Руско издание на „Форбс“: По прогласената мобилизација Русија ја напуштиле приближно еден милион лица

Од:

Од почетокот на мобилизацијата во Русија, на 21 септември, земјата ја напуштиле речиси милион лица, соопшти денеска руското издание на „Форбс“, цитирајќи извор запознаен со проценките на Кремљ, јави Бета.

Друг соговорник на „Форбс“ во администрацијата на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ја напуштиле меѓу 600.000 и 700.000 Руси и додаде дека во моментов е невозможно да се пресмета колку од нив земјата ја напуштиле за туристички цели.

Веднаш по прогласувањето на мобилизација на 21 септември, на руските гранични премини се формираа километарски редици. Најпознат стана граничниот премиен Горњи Ларс, на руско-грузиската граница, каде луѓето чекаа во ред четири или пет дена, често без храна и вода. Редици се формираа и на граничните премини на руско-казахстанската граница.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли наводите на „Форбс“, наведувајќи дека Кремљ не го знае точниот број на луѓе кои ја напуштиле земјата, но дека е далеку од објавената бројка.

-Ми наликува на новинарска патка. Не знам ни што е руската издавачка куќа „Форбс“. Дали е објавена или не, дали таа издавачка куќа воопшто постои, рече Песков.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски