Руските власти водат истрага за Алексеј Навални

Од:

Руските власти водат истрага за дисидентот Алексеј Навални и за екстремизам, произлезен од интервју што го дал пролетоска, а во кое сугерирал дека владата треба насилно да биде соборена, јавија денеска руските државни медиуми, пренесе ДПА.

Истражителите веруваат дека за време на интервјуто на 27 април за радиостаницата „Ехо на Москва“ Навални упатил директна закана против рускиот уставен поредок, јави агенцијата ТАСС, повикувајќи се на анонимен извор од органите на прогонот.

За време на интервјуто, Навални ја обвинил владата дека не прави доволно за поддршка на лицата со ниски примања, особено оние без официјално пријавени приходи.

Навални во интервјуто кажа дека „ако сакаат да остават гладни 60 милиони луѓе, тогаш таквата влада треба веднаш да биде урната, можеби дури и со насилни средства“, се наведува во транскрипт на интернет страницата на радиото.

Обвинение за екстремизам се казнува со затвор до пет години.

Навални (44), пренесува ДПА, денеска изјави дека обвинението е стокмено за да го спречи неговото враќање во Русија. Тој во август беше префлен на клиника во Берлин од руска болница во градот Омск, откако одеднаш се разболе за време на пат во Сибир.

Лаборатории во Германија, Франција и Шведска утврдија дека тој бил отруен со хемискиот агенс „Новичок“, додаде германската агенција.

-Путин, кој седи во својот бункер, не сака да се вратам во Русија по закрепнувањето, толку многу што покрај заканата дека ќе ме испрати во затвор за предавство против татковината, сега одлучил да вклучи и кривична постапка за екстремизам, изјави денеска Навални.

Би можело да ве интересира

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

(ВИДЕО) САД потврди: Севернокорејските војници се во Русија

Си Џинпинг: Кина и Русија се чувари на глобалната стратешка стабилност

Загина пилот на руски бомбардер, Украинците велат „Ги убиваше нашите деца“

А1он

Јулија Навална ќе се кандидира за претседател на Русија

А1он

Нападнат е Киев: Кличко итно се огласи