Руските власти сакаат да им забранат на приврзаниците на Навални да учествуваат на избори

Од:

Рускиот Парламент идната недела ќе расправа за предлог-закон со кој се забранува членови на „екстремистички“ организации да учествуваат на изборите, а потегот е наменет да ја ограничи активноста на приврзаниците на опозицискиот лидер Алексеј Навални, велат аналитичарите.

Законот би можел да влијае не само врз членовите и активистите на политичката мрежа на Навални, туку и на десетици илјади Руси кои ја поддржуваат неговата работа со донации.

Кон крајот на минатиот месец руските власти ја ставија политичката мрежа на Навални на листата на терористички и екстремистички организации.

Василиј Пискаров, шеф на руската парламентарна Комисија за истражување на странска вмешаност, изјави дека законодавниот дом мора да преземе брзи активности за одобрување на предлог-законот, кој ќе им забрани на членови на „екстремистички“ организации да се кандидираат за пратеници.

– Првото читање е на 18 мај. Важно е да не го одложуваме, рече Пискарев во изјавата за Телеграм, изразувајќи надеж дека промените ќе стапат во сила пред парламентарните избори во септември.

Тој нагласи дека законот не е насочен кон одредена организација и неговата главна цел е заштита на рускиот суверенитет.

Долниот дом на рускиот Парламент соопшти дека предлог-законот е насочен кон лидери, спонзори и редовни членови на „екстремистички“ организации.

Лидерите на тие групи, вклучително и нивните спонзори, нема да можат да учествуваат на парламентарни избори пет години, соопшти Државната дума.

Организациите кои се наоѓаат на списокот ги вклучуваат терористичките групи Исламска држава и Ал Каеда. гт/

2021-05-11 17:02:17, од Габриела Точко

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски