Руските власти ја суспендираа работата на НВО „Голос“

Од:

Руските власти ја суспендираа работата на најпознатата невладина организација „Голос“ во период од шест месеци. Одлуката е донесена откако оваа НВО одби да се регистрира како „странска агентура“.

Забраната е донесена според одредбите на контроверзниот закон за дејствувањето на невладиниот сектор во Русија, кој предвидува секоја организација што добива донации од странство, да мора да се регистрира како „странска агентура“ или во спротивно ќе биде затворена.

„Голос“ која постои 13 години, важи за една од најреспектабилните невладини организации, вклучена во следењето на изборите во Русија.

Претставник на оваа НВО демантира дека „Голос“ прима пари од странство за работата што ја обавува. На својата интернет-страница организацијата најавува дека ќе се самораспушти, а дека потоа одново ќе се формира под друго име.

За време на изборите во 2011 година „Голос“ откри измами во изборниот процес, како и во самото гласање, за што беше критикувана од домашните власти.

Од своето враќање во Кремљ, претседателот Владимир Путин има потпишано и одобрено неколку контроверзни закони со кои се ограничува делувањето на така нареченото цивилно општество, како и се блокира дејствувањето на домашните и странските невладини организации и групи.
Независни набљудувачи во Москва тврдат дека Законот за НВО, всушност, е донесен токму за „Голос“ и за неговото дејствување во руската јавност.

Властите тврдат дека организацијата прима пари од УСАИД, а како зло и се припишува и примањето на паричната награда од еден норвешки комитет за човекови права. Властите побараа „Голос“ да ги врати сите пари.

Би можело да ве интересира

Над 20 повредени во руските напади врз Харков, меѓу нив и пет деца

Украина: Руските трупи извршија 15 воздушни напади во Курск

Песков: Русија ги отфрла обвинувањата за мешање во изборите во Грузија

Џеј-Ди Венс повика на преговори со Русија

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ

Се урна хеликоптер во Русија – четири лица загинаа при обид за слетување

А1он