Руските сили ноќеска соборија 44 украински дронови

Од:

Руските воздушно-одбранбени сили соборија 44 украински беспилотни летала над руска територија во текот на ноќта, соопшти денес Министерството за одбрана на Русија, пренесува Танјуг.

„Од 23 часот на 8 ноември до 7 часот наутро на 9 ноември, системите за предупредување од воздушна одбрана пресретнаа и уништија 44 украински беспилотни летала со фиксни крила“, се наведува во извештајот, пренесува РИА Новости.

Руската армија собори 43 беспилотни летала во Брјанската област и едно во Ростовската област.

Како што е наведено, како одговор на нападите на украинските вооружени сили, руската армија напаѓа со високопрецизно воздушно, морско и копнено оружје, како и беспилотни летала, исклучиво врз воени објекти и претпријатија од украинскиот воено-индустриски комплекс.

Би можело да ве интересира

Најмалку четири жртви во нападот на Одеса, Зеленски: Чист тероризам против цивили

А1он

Нови напади со беспилотни летала и ракети на Блискиот Исток

Горан Наумовски

Трамп „го стави на место“ Зеленски во емисија во живо: „Имаме најдобри дронови, не ни треба ничија помош“

Предраг Петровиќ

Руската одбрана собори 72 украински дронови

Катар е нова цел на масовен ирански напад со дронови

Со евтини дронови Иран ги осиромашува американските ракетни резерви