Рускиот в.д. амбасадор повикан во британското МНР

Од:

Британското Министерство за надворешни работи денеска го повика рускиот в.д. амбасадор Иван Володин, откако претходно премиерката Тереза Меј изнесе нови детали за двајцата осомничени руски агенти обвинети дека го извршиле труењето на пребеганиот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во март.

Според Велика Британија, двајцата Руси – Александар Петров и Руслав Боширов – допатувале во Лондон од Москва два дена пред Сергеј и Јулија Скрипал да бидат затруени со нервниот отров новичок. Двајцата се обвинети за обид за убиство и употреба на нервен отров, но Британија не бара нивна екстрадиција од Русија бидејќи тоа не е возможно според руското законодавство, а постојат сомнежи и дека се работи за агенти со лажни идентитети.

Јури Ушаков, советник на рускиот претседател Владимир Путин, денеска возврати на обвинувањата. Тој рече дека двете имиња кои ги претставила Британија не им значат ништо на руските безбедносни служби.

Би можело да ве интересира

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Калас: Русија претставува егзистенцијална закана за безбедноста на ЕУ

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата