Рускиот министер за одбрана во прва посета на Пакистан

Од:

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска ќе престојува во официјална посета на Пакистан, која е прва на еден ваков министер во земјата од 1969 година.

Шојгу во Исламабад ќе се сретне со пакистанскиот колега Хаваџа Мухамад Асиф и со премиерот Мохамад Наваз Шариф.

Според портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков, за време на разговорите ќе бидат разгледани актуелни прашања од регионалната безбедност и активизирањето на воената и воено-техничката соработка меѓу двете земји.

– Раководителите на двете министерства ќе потпишат договор за воена соработка, истакна Конашенков.

Би можело да ве интересира

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Калас: Русија претставува егзистенцијална закана за безбедноста на ЕУ

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата