Руски војници подигнале облак радиоактивна прашина во Чернобил

Од:

Украинците кои работат на одржувањето на нуклеарната централа во Чернобил, велат дека руските војници, кои ја зазедоа нуклеарката, подигнале облаци од радиоактивна прашина кога возеле низ најзагадената област.

Војниците не носеле никаква заштитна опрема и најверојатно вдишувале радиоактивна прашина. Тоа е еднакво на самоубиство, изјавиле некои од работниците за светските агенции.

– Голема колона од воени возила помина по патот веднаш зад нашиот објект, кој минува покрај Црвената шума, изјави работник кој сакал да остане анонимен. Црвената шума го доби своето име по експлозија во 1986 година, кога дрвјата добиле црвена боја.

– Конвојот подигна голем облак од прашина. Сензорите што ја мерат радијацијата покажаа високи нивоа на радијација, додаде тој.

По заземањето на електраната на 24 февруари, Русија соопшти дека радијацијата е во нормални нивоа и не претставува закана за здравјето на луѓето, како и дека руските сили со заземањето на електраната спречиле „нуклеарни провокации на украинските националисти“.

Еден од вработените изјавил дека руските војници со кои разговарал не знаеле за историјата на централата. „Кога ги прашаа дали знаат за катастрофата во 1986 година, експлозијата на четвртиот блок, немаа поим. Немаа поим во каков објект се наоѓаат“, рече тој.

Руските сили го напуштија градот Славутич во близина на Чернобил, градот во кој живеат повеќето вработени во централата, изјави денеска градоначалникот и привремен шеф на централата во Чернобил.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Медведев: Опасно е Зеленски да биде реизбран, кловнот од Киев стана едноставно нелегитимен

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Четири лица се повредени во воздушен напад во Харков

Руската војска уништи 32 украински беспилотни летала