Руски воени вежби ги плашат балтичките земји

Од:

Трупи од вкупно 70.000 војници деновиве изненадувачки биле распоредени во блиски погранични подрачја на нордиските и прибалтичките земји кон Русија и Белорусија, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Станува збор за повеќе од двојно поголем обем на сили од она што претходно било најавено од страна на Русија. Посебно се загрижени прибалтичките земји Естонија, Летонија и Литванија, кои овие руски воени вежби ги гледаат како подготовки за напад врз нив и Полска.

Руско-белорускиот голем маневар „Запад 2013“ бил спроведен во две фази, втората во периодот од 20 до 26 септември. Вежбите се одвивале во најмалку седум подрачја во западните делови на Белорусија и Русија. Биле ангажирани сите видови на оклопни, поморски и воздухопловни сили.

Според она што Москва го информирала НАТО, преку заедничкото орган за соработка, Советот НАТО-Русија, требало да учествуваат вкупно 22.500 војници. Но вистинската бројка била најмалку двојно поголема.

– Големината на маневрите е мошне изненадувачки и силно отстапува од претходните руски најави. За да се прикрие обемот, истовремено со „Запад“ биле спроведени и цела низа други вежби кои всушност биле координирани со „Запад“, вели шведски воен извор за весникот „Свенска дагбладет“.

Освен во Балтичкото Море, руско-белоруските трупи вежбале во разни подрачја источно од Полска, Литванија, Естонија, Летонија, Финска и Норвешка, како и во Барнецовото Море.

По војната во Грузија во 2008 година, Русија ја сменила својата командна структура за да може да раководи со различни видови борбени формации на големи отстојанија.

– Вежбите покажуваат дека Русија сега може да дислоцира трупи од разни воени региони и да ги сконцентрира со голема ударна сила. На таков начин избегнуваат однапред да вршат концентрација на трупи во едно подрачје, а што порано претставувало предупредување во поблиската и подлалечната околина. Тоа, се разбира, е мошне вознемирувачки, вели висок балтички владин претставник за „Свенска дагбладет“. Официјално, сценариото на „Запад 2013“ било најавено како вежби за справување со етнички и религозни немири и тероризам.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала