Руски медиуми: На Зеленски не му бега Гвантанамо

Од:

Руските медиуми по жестоката дебата меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Белата куќа не ја кријат својата радост – од наслови кои зборуваат за „понижувањето“ на украинскиот претседател до тврдењата дека Трамп ја предал Украина на милоста на Русија.

Додека официјална Москва триумфално го коментира настанот, аналитичарите предупредуваат дека ваквиот развој на ситуацијата може значително да ги промени односите на светската сцена и да ја врати геополитичката динамика во условите на Студената војна.

Историската средба меѓу Зеленски и Трамп, која требаше да биде увертира за крајот на конфликтот во Украина, доби сосема неочекуван пресврт.

Зеленски исфрлен од Белата куќа, пишува РИА Новости.

„Ушите на Зеленски беа напнати од Трамп“, пренесува Комерсант.

„Трамп го исфрли Зеленски пред светската јавност“, се радува Московски комсомол.

„По ова, Зеленски е политички мртовец“, пишува „Взгљад“ и наведува дека украинскиот претседател „ќе биде среќен ако не заврши во Гвантанамо“, алудирајќи на злогласниот затвор во американската воена база на Куба.

„Зеленски не е подготвен за мир“, истакнува ТАСС.

Интерфакс накратко вели: „Зеленски веќе нема адут во ракавот, сега кога ја загуби поддршката од САД, тој оди на буништето на историјата“.

„По јавна кавга со Зеленски, Трамп го избрка од Белата куќа“, е главниот наслов на „Известија“.

Зборуваше и Дмитриј Медведев, поранешен руски претседател и близок соработник на Владимир Путин.

– Бесрамното прасе доби шлаканица сред Овалната соба – изјави Дмитриј Медведев.

Би можело да ве интересира

Русија го нападна Киев со балистички ракети

Жестока украинска одмазда по рускиот масовен напад

Ројтерс: Малку веројатен е мировен договор меѓу Русија и Украина до март

Дистопијата станува реалност: Русија развива роботски птици со домет од 400 километри

Интервјуто што ја „разниша“ Украина: Зеленски откри повеќе отколку што требаше

Наследство од 1945 година: Јапонија сè уште бара мировен договор со Русија