Руски канали: Завршено опкружувањето на Орихив, падот на градот е „прашање на денови“

Од:

Руските сили го завршиле опкружувањето на Орихив во Запорошката област и преземањето на градот сега е „прашање на денови“, тврдат руски воени канали.

Според нивните наводи, Орихив претставува една од најважните украински одбранбени позиции во Запорошката област. Градот со години служи како значајна точка на украинската одбранбена линија и логистички центар за снабдување на силите на овој правец.

Руските извори тврдат дека украинската одбрана во Запорошката рамнина е во сериозни проблеми и дека руските сили го затвориле обрачот околу градот од запад и од исток.

Западно од Орихив, според овие информации, руските сили ја презеле Новопавливка, додека источно од градот биле заземени Преображенка и прекинати украинските комуникациски врски кон Омелник и Јехоривка.

Орихив досега функционирал како важно логистичко и снабдувачко јазло за украинските сили на Запорошкиот правец. Руски извори тврдат дека прекинот на патиштата и комуникациите значително ја ограничил можноста за снабдување и повлекување на украинските единици.

Дополнително, според руските тврдења, употребата на наведувани воздушни бомби и FPV-дронови им го отежнува движењето на украинските сили во и околу градот.

Руските канали оценуваат дека украинските единици кои останале во Орихив и неговата околина немаат безбеден коридор за повлекување.

Сепак, овие тврдења засега не се независно потврдени, а состојбата на теренот во Запорошката област е динамична.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лимитирањето на „Старшилд“ за Украина е по наредба на Белата куќа

ВИДЕО: Украинците со дронови го погодија најголемиот руски дата-центар

SpaceX, без најава, го ограничи Starlink за украинската војска

ВИДЕО: Русите жестоко го нападнаа Киев, Украинците ги обвинуваат сојузниците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Повторно погодени бродови во Црното Море кај Бугарија

Катерина Ѓуровски

Европа контра Трамп, подготвува нов пакет санкции за Русија