Руски и украински милијардер подаруваат половина од богатството

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Рускиот милијардер Владимир Потањин и Украинецот Виктор Пинчук изјавија дека половина од своето богатство ќе го дадат во хуманитарни цели.

Со тоа тие ќе станат први тајкуни од земјите на поранешниот Советски сојуз, кои ќе се придружат на идејата најбогати луѓе на светот да го поделат своето богатство.

Рускиот индустриски магнат Потањин (52) и украински металски и медиумски тајкун Пинчук (52) рекоа дека ќе се придружат на проектот наречен „ The Giving Pledge “, кој е покренат во 2010 година, а го водат Бил и Мелинда Гејтс како и Ворен Бафет, познат инвеститор.

Целта на проектот е да се охрабат богатите луѓе да подарат пари во хуманитарни цели.

Потањин и Пинчук истакнаа дека се надеваат со својот гест да ги инспирираат и други, да се придружат и да го поделат своето богатство.

Тие се наоѓаат меѓу 12-те богати луѓе во светот, кои се придружија во овој проект, а вкупниот број порасна на 105 луѓе, меѓу нив се и индијскиот тајкун Азим Премџи и Британецот Ричард Бренсон.

Потањин и Пунчик не изјавија колку пари ќе издвојат за хуманитарни цели, а руското издание на магазинот „Форбс“, пороцени дека Потањин е четврт Русин по богатство од околу 14, 5 милијарди долари.

Истиот магазин за Украина наведе дека Пинчуковото богатство изнесува 3,7 милијарди долари и дека тој е втор Украинец по богатство.

Според „Форбс“ Русија има речиси 100 доларски милијардери, а Украина девет.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани