Руски и кинески бомбардери заеднички патролираа над Пацификот

Од:

Два руски стратешки авиони бомбардери Ту-95 и четири кинески авиони бомбардери Х6К денеска заеднички патролираа над западниот дел од Пацификот. Авионите прелетаа над Јапонско и над Источно Кинеско Море.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека заедничката мисија е наменета на „развој и продлабочување на сеопфатното руско-кинеско партнерство, со понатамошно зголемување на нивото на соработка на двете војски, проширување на нивните способности за заедничко дејствување и зајакнување на стратешката стабилност.

Во соопштението се додава дека патролниот лет не бил насочен кон ниту една држава.

Денешната мисија е втора по ред, а првото заедничко патролирање на руски и кинески бомбардери беше изведено во јули 2019 година на истото подрачје.

Рускиот претседател Владимир Путин во октомври изјави дека „засега нема потреба за руско-кинески воен сојуз, но оти не може да биде исклучена таквата идеја во иднина“. Неговата изјава укажува на продлабочување на врските помеѓу Москва и Пекинг во време на се поголеми тензии во односите на Русија и Кина со САД.

Путин тогаш истакна дека Русија со Кина разменила воена технологија, што ќе помогне во унапредување на кинеските однрамбени капацитети.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот