Руски градоначалник: Седум исчезнати во Нова Каховка по уривањето на браната

Од:

Најмалку седум лица се водат како исчезнати откако водата од уништената брана ги поплави околните области, ја пренесе руската новинска агенција ТАСС, изјавата на градоначалникот на Нова Каховка, назначен од Москва.

Браната Нова Каховка на реката Днепар, која е под контрола на Москва, беше уништена вчера и поплави дел од линијата на фронтот во областа Херсон, принудувајќи ги жителите да избегаат. Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за уништување на браната.

Градоначалникот на Нова Каховка: Со сигурност знаеме дека седум лица се водат за исчезнати

Околу 42.000 луѓе се во опасност од поплави во областите под контрола на Русија и Украина долж реката Днепар, соопштија украинските власти, а шефот за хуманитарна помош на ОН предупреди на „тешки и далекусежни последици“.

„Со сигурност знаеме дека седум лица се водат за исчезнати“, изјави градоначалникот на Нова Каховка, Владимир Леонтијев, а пренесе ТАСС. Над 900 луѓе вчера беа евакуирани од градот со околу 45.000 жители, кој е под руска контрола и се наоѓа на левиот брег на реката Днепар.

Би можело да ве интересира

Русија продава нафта за 20 долари поскапо од цената што Г7 сака да и ја нематне

Буданов: Украинските војници во офанзива одат пеш

Украина: Припадници на „Вагнер“ се вратија во Бахмут

Поради стравот од директен конфликт со Русија, Германија го одложува испраќањето крстосувачки ракети во Украина

Путин е подготвен да стави крај на војната доколку Украина исполни еден услов

Русите: Напредуваме