Руски бизнисмен пронајден обезглавен под мост

Од:

Алексеј Синицин, извршен директор на компанијата за производство на калиумови соли „К-Поташ Сервис“, беше пронајден мртов во близина на Калининград.

Синицин стана 19-ти руски функционер кој почина под мистериозни околности од почетокот на војната во Украина, пренесува „Москва Тајмс“. Според државната новинска агенција РИА Новости, која се повикува на извор од органите на редот, неговото тело било пронајдено обезглавено под мост, а врз него била прицврстена влечна сајла.

Минатиот месец починаа и Дмитриј Осипов, претседател на Одборот на „Уралкали“, една од најголемите компании за калиумови соли во Русија, како и Михаил Кенин, основач и мнозински сопственик на водечката градежна компанија „Самолет“. Причините за нивната смрт не се објавени.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, нејасни или необични смртни случаи се регистрирани не само во бизнис секторот, туку и меѓу припадниците на безбедносните и државните структури.

Владимир Фешченко, офицер за контраразузнавање во ФСБ, беше пронајден мртов во зградата на Министерството за одбрана во Москва во јануари. Неговата смрт ја потенцира растечката внатрешна тензија во руските безбедносни и воени структури, особено во услови на продолжувањето на војната во Украина.

Би можело да ве интересира

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Кремљ ги отфрли најновите предлози за мир во Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Еден од најжестоките руски напади на Киев во последно време, Трамп најавува дека крајот е блиску

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот