Руската војска на 10 километри од Купјанск, Киев ги евакуира жителите

Од:

Поради интензивен руски артилериски оган и воздушни напади, продолжува евакуацијата на цивилите од околината на градот Купјанск, соопштија украинските власти. Руските сили се на близу 10 километри од Купјанск, град на реката Оскил што Украинците го вратија во септември минатата година.

„Продолжуваме со секојдневна евакуација на жителите од местата на линијата на фронтот на областа Купјанск. На евакуираните им се обезбедува сместување и хуманитарни материјали“, изјави денеска Олех Синијехубов, началник на воената администрација на регионот Харков, а пренесува The Guardian.

Синијехубов додаде дека за време на гранатирањето на 20 и 21 август од селото биле евакуирани 30 лица, меѓу кои пет деца и еден инвалид, а од 9 август се евакуирани вкупно 556 жители, меѓу кои 148 деца.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск