Руската Влада два пати ги алармирала САД за Тамерлан Царнаев

Од:

Руската Влада два пати ги алармирала американските власти во врска со Тамерлан Царнаев, поголемиот од двајцата браќа, кои стојат зад бомбашките напади за време на бостонскиот маратон на 15 април, изјавија двајца американски претставници, јави БТА.

Во есента 2011 година руските власти се поврзале со ЦИА во врска со Тамерлан, а истата година Русија за ова прашање го информирала и ФБИ.

ФБИ соопшти дека неговите агенти не откриле ништо, кое ги наведувало да помислат дека браќата Царнаеви се дел од ектремистичка групација и им ги пренеле своите заклучоци на руските власти.

ЦИА, пак ги поделила сите добиени информации за Тамерлан со останатите американски федерални агенции. Во есента 2011 година ЦИА побарала Тамерлан да биде вклучен на листата на лица, кои ќе бидат набљудувани, изјави американски претставник на разузнавањето.

Според анонимните американски претставници Тамерлан бил вклучен од ЦИА во базата на податоци на американската Влада, која се однесувала на осомничени терористи за напади, извршени 18 месеци пред Бостонскиот маратон.

Би можело да ве интересира

Масовно пукање на фестивал во Бостон: Најмалку седум лица се ранети

ВИДЕО: Во куќа во Бостон пронајдени тела на четири новороденчиња, едното било во замрзнувач

Катерина Ѓуровски

Леброн Џејмс може да игра в петок против Бостон

А1он

Клиперс поведе против Денвер со 2-1, Бостон на победа од финалето на Истокот

А1он

Трамп: Смешна е одлуката за укинување на смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он

Укината смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он