Руската вакцина за коронавирусот ја помина првата фаза од развојот

Од:

Вакцината против коронавирусот, која ја разви руската Федерална агенција за биомедицина, ја помина првата фаза од развојот и се очекува да биде комплетирана во јуни, потврди директорката на агенцијата Вероника Скворцова.

Според неа, вакцината би требало да биде подготвена за употреба за 11 месеци.

– Развојот на вакцината ја помина првата фаза. Тоа е рекомбинантна вакцина која не е развиена врз основа на жив вирус, туку врз основа на протеини кои ги поседуваат таканаречените епитопи, односно центри за кои се врзува вирусот, изјави Скворцова.

Претходно, француското Министерство за здравство објави дека во најмалку седум европски држави почнало клиничко испитување во чии рамки четири експериментални лекови на Ковид-19 ќе бидат тестирани кај 3.200 пациенти.

Тестирање врши и Кина, која потврди дека во рамките на првото клиничко испитување вакцина примиле 108 доброволци.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Руската војска уништи 32 украински беспилотни летала

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Руските сили интензивно напредуваат низ регионот на Доњецк

А1он