Рускaтa одбрана собори 31 дрон над Азовското и Црноморското подрачје

Од:

Руските системи за воздушна одбрана пресретнаа и уништија 31 украински дрон преку ноќ над седум региони на Руската Федерација, Азовското Море и Црното Море, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се вели дека украинските дронови биле соборени помеѓу 23.30 часот синоќа и 6.45 часот наутро по московско време, објави ТАСС.

Се додава дека девет дронови биле соборени „над територијата на Република Крим, шест над територијата на Брјанската област, пет дронови над територијата на Смоленската област и Црното Море, два над водите на Азовското Море и еден дрон над териториите на Орјолската, Белгородската, Калушката област и територијата на Краснодарската територија“.

Би можело да ве интересира

Калас вети во Киев дека ќе ја повика Русија на одговорност

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Пезешкијан и се заблагодари на Русија за нејзината поддршка на руски јазик

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Ученик тешко повреди другар пукајќи со сигнален пиштол

Песков: Странските медиуми моментално објавуваат многу лаги