Руската компанија Норникел треба да плати скоро две милијарди долари поради излевањето нафта на Арктикот

Од:

Руски суд денеска донесе одлука дека компанијата во сопственост на рударскиот гигант Норилск Никел мора да плати 146 милијарди рубљи или приближно 1,95 милијарди американски долари за штетата врз животната средина предизвикана од излевање на гориво во рускиот дел на Арктикот во мај минатата година.

Судската постапка беше иницирана од Руската служба за надзор на заштитата на животната средина, која од компанијата Норникел НТЕЦ побара 148 милијарди рубљи за штетата, а проценката на компанијата беше далеку помала и изнесуваше 21,4 милијарди рубљи.

На 29 мај 2020 година, компанијата испушти 21.000 тони дизел во реки и на копно во близина на градот Норилск во Сибир, каде што се наоѓа.

Гринпис го спореди инцидентот со излевањето нафта во 1989 година од танкерот „Валдез“ на компанијата Ексон на Алјаска.

Аналитичарите кои ја следат оваа област велат дека износот на оваа судска отштета е досега невидена во Русија за еколошки прекршок и оти може да испрати силна порака до индустријата дека недоволното вложување во одржување е неприфатливо.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Одмазда за масакрот во Суми: Украина ја уништи руската ракетна бригада во регионот Курск