Руската експертиза на телесните останки на Арафат ја исклучува верзијата за труење со полониум

Од:

Податоците од руската експертиза на примероци од телсните останки на Јасер Арафат ја негираат верзијата за труење со полониум – 210.

– Не се откриени никакви траги од таа супстанција, изјави денеска шефот на федералната агенција за биолошки анализи. Не е можно да бил труен со полониум, изјави Владимир Виба.

Авторитетното британско медицинско издание „Лансет“ пред два дена објави статија, според која европската експертиза на лични предмети и примероци од телесни течности докажала присуство на радиоактивен полониум-210 во останките на Арафат. Авторите – швајцарски научници, тврдат дека палестинскиот лидер можеби бил труен со полониум.

Арафат почина во француска болница во ноември 2004 година – според медицински документи, од излив во мозокот по цревна инфекција.

Истрага на телевизијата Ал џазира и на швајцарска лабораторија во јули минатата година открија траги од полониум по неговата облека. Тоа предизвика претпоставки дека палестинскиот лидер бил труен со радиоактивната супстанција.

 

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот