Руската армија регрутира затвореници за војната во Украина, им ветуваат дека ќе бидат ослободени по операцијата

Од:

По регрутирањето затвореници за руските платенички сили, сега и регуларната руска армија регрутира осуденици за војната во Украина, тврдат активистите за граѓански права и медиумите.

– Од крајот на септември Министерството за одбрана почна да регрутира осуденици, објави независниот портал „Важније истории“ (Важни приказни).

Порталот, кој е критичен кон Кремљ, известуваше за посетите на претставници на руската армија во казнените колонии во регионот Рјазан во близина на Москва и во Ставропол,Северен Кавказ.

Според „Важни истории“, генерали на руската армија им ветуваат на затворениците дека ќе бидат ослободени по операцијата.

Поранешните затвореници, наводно, ќе бидат дел од специјалната единица наречена „Бура“.

Активистите за граѓански права од организацијата „Гулагу.нет“ претходно објави за обиди за регрутирање во регионот Нижни Новгород.

Платеничката група Вагнер, финансирана од доверливиот човек на претседателот Владимир Путин, Евгениј Пригожин, од летото регрутира затвореници.

Додека руското Министерство за одбрана тврди дека регрутира затвореници кои претходно служеле во безбедносните служби и кои можеби имаат борбено искуство.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина