Руската армија ја зазеде Сергеевка во ДНР, изјави денеска на Првиот канал на руската телевизија Игор Кимаковски, советник на претседателот на ДНР.
„Главните борби се водеа во правец на Покровски, нашите војници ја исчистија Ивановка, а ние се движиме кон Гродовка по железничката пруга“, рече Кимаковски, додавајќи дека на руската армија всушност и останале нешто повеќе од 10 километри до Покровск, пренесува РИА Новости.
Тој рече дека Украинците не може да организираат сериозна одбрана на ова подрачје.