Руската амбасада во Сирија го потврди грабнувањето на двајца руски државјани

Од:

Амбасадата на Русија во Дамаск потврди дека двајца руски државјани биле киднапирани во Сирија, соопштија руските медиуми.

Во реонот на автопатот Тартус-Хомс биле заробени тројца граѓани. Едниот од нив – Русин, вториот – со двојно руско-сириско државјанство, а третиот заробен бил државјанин на Италија, соопшти амбасадата.

Амбасадата дополни дека презема активни дејствија за да ја утврди нивната местоположба.

Според неа, сите грабнати се работници на приватна компанија.

Претходно италијанското Министерство за надворешни работи соопшти дека недалеку од градот Тартус биле заробени италијански државјанин и двајца негови колеги.

Според информација на министерството, тројцата работници биле ангажирани во железарница во Латакија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина