Руска водителка: Британците јадат верверички бидејќи потрошија се за Украина

Од:

Руска телевизиска водителка и едена од најпознатите пропагандисти на Путин, во емисијата „60 минути“ емитувана на државната телевизија изјави дека Британците почнале да јадат верверички од парковите. Олга Скабејева, позната и како „железната кукла на ТВ на Путин“, тоа го поврза со недостигот на храна во таа земја и испраќањето помош за Украина.

„Денес беше откриено дека некои ресторани во – некогаш одамна – Велика Британија служеле верверички. Бидејќи во парковите има многу животни, па зошто да не ги јадат кога има недостаток на храна. Меѓутоа, тие сè уште не се колебаат во одлуката да му помогнат на Зеленски со набавка на оружје“, рече Скабејева.

Видео клип од емисијата беше објавен на Твитер и преведен од советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашенко. „Ќе јадат верверички, но сепак ќе доставуваат тенкови. И не очекувајте протести“, заклучува Скабејева во клипот.

Водителката инаку е позната по своите тврдења кои за западниот свет звучат сосема бизарно. Како и другите пропагандисти на Путин, таа често зборува за нуклеарно оружје, па остана запаметена и нејзината изјава дека Русија требало да фрли нуклеарна бомба врз Лондон, кога „сите водечки луѓе беа на погребот“ на кралицата Елизабета Втора.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ