Руска фрегата се приклучи во руската оперативна група во Средоземјето

Од:

Руската фрегата Адмирал Григорович го напушти пристаништето во Севастопољ на Крим, за да им се придружи на поморските воени сили во Средоземјето, во близина на сирискиот брег.

Американските медиуми, повикувајќи се на неименуван руски извор, јавија дека фрегатата е во Средоземното Море од ноември, како дел од руската воена поморска оперативна група, од каде што се лансираат крстосувачки ракети, насочени против цели на Исламската држава, пренесува Танјуг.

Руската Морнарица се уште не ги потврдува, ниту пак, ги отфрла наводите.

Фрегатата Адмирал Григорович е прва во класата од шест фрегати за црноморската флота на Руската Федерација.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски