Руска актерка e на украинската „црна“ листа како закани за националната безбедност

Од:

Министерството за култура на Украина додаде уште двајца руски културни претставници на листата на лица кои претставуваат закана за националната безбедност, пренесува Интерфакс Украина.

Според одлуките на министерството, на ажурираната листа се додадени и руската пејачка, поранешен доброволец на бригадата „Оплот“ („Руска православна армија“), воен дописник на агенцијата „АНА-Њуз“ и блогер Аким Гасанов, како и руската актерка Валентина Рубцова.

Рубцова е позната како театарска, филмска и телевизиска актерка, како и актерка на мјузикли, синхронизација, телевизиска водителка и пејачка.

Според документот, изјавите на Рубцова поддржуваат „вооружена агресија против Украина и окупација на украински територии од Русија“.

Во образложението за вклучување на Аким Гасанов на списокот, се наведува дека тој врши пропагандни активности насочени кон оправдување, поддршка и популаризација на руската вооружена агресија врз Украина, како и поттикнување непријателство и омраза кон украинскиот народ.

Се наведува и дека Гасанов ги велича припадниците на вооружените сили и воените формации на Русија, кои украинските власти ги оценуваат како активности кои претставуваат закана за националната безбедност, територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

По последното ажурирање, на списокот на Украина на лица кои претставуваат закана за националната безбедност има вкупно 260 лица.

Претходно беше објавено дека во 2022 година на списокот се додадени четири лица од Русија, додека оваа година од него е отстранет рускиот хуморист Максим Галкин. Министерството за култура на Украина додаде три лица во 2023 година, 23 во 2024 година и уште 11 руски државјани во 2025 година.

Би можело да ве интересира

Најмалку три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во напади во Украина

Горан Наумовски

Ватикан повика на крај на војната во Украина по разговорите со Лавров

Зеленски: Предавањето не доаѓа во предвид

Песков: Надворешното управување со Донбас е невозможно

Москва: Западните лидери ги лажат граѓаните дека Русија може да биде поразена

ISW: Путин создава услови за масовна заплена на приватен имот за да ја финансира војната