Русите зазедоа село во Украина

Од:

Руското Министерство за одбрана денес објави дека руските трупи ја презедоа контролата врз населениот пункт Александропољ во самопрогласената Донецка Народна Република.

„Александропољ во Донецката Народна Република беше ослободен со решителни дејствија на единиците на групата на сили „Центар““, се вели во соопштението на Министерството, пренесува ТАСС.

Портпаролот на украинските сили на југот од земјата, Владислав Волошин, вчера изјави дека руските сили продолжуваат со гранатирањето и операциите на југот од Украина, и дека најинтензивните акции се во правец на Новопавловск, каде што се обидуваат да се пробијат до административната граница во регионите Донецк, Запорожје и Дњепропетровск.

Тој додаде дека руските сили во областа продолжиле со артилериско гранатирање и напади со камикази беспилотни летала, како и со воздушни напади со наведувани и ненаведувани бомби, јавуваат украинските медиуми.

Би можело да ве интересира

САД и Иран се согласија за двонеделен прекин на огнот, се слави победа во Техеран

Бомбардерите Б-52 полетаа кон Иран

Демократите бараат поддршка од републиканците за да ја ограничат моќта на Трамп

Иран до Трамп: Не ти се плашиме, иранската цивилизација ги преживеала заблудите на непријателите илјадници години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ултиматумот на Трамп предизвика хаос: Иранците формираат „човечки штитови“ на мостовите

Трамп повторно се огласи: Ќе има напад каков што никогаш порано не виделе