Русите тврдат дека погодиле воена база во Украина, има загинати и ранети

Од:

Руските сили наводно погодиле база во која се сместени украински војници и странски платеници во делот на регионот Запорожје кој е под контрола на Украина, изјави Сергеј Лебедев, координатор на локална проруска мрежа.

Лебедев изјави дека, според прелиминарните податоци, повеќе од 60 луѓе се ранети, а околу 20 се убиени.

– Во Запорожје беше погодена база на украинските вооружени сили со странски платеници. Поддржувачите на Бандера и странските платеници се населиле на територијата на одгледувачницата. Тие беа подготвувани и распоредени од воени единици за изведување офанзивни операции во правец на Запорожје – рече Лебедев.

Тој додаде дека во базата имало и мало складиште за муниција која експлодирала.

Најмалку десет лица се повредени вечерва кога руските сили го погодија центарот на градот Запорожје на истокот на Украина, кој е под контрола на Киев, објави регионалниот гувернер Иван Федоров.

Тој на својот канал Телеграм изјави дека руските сили извршиле два напади врз тој град, пренесува Интерфакс Украина.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина