Русите се подготвуваат за нова украинска контраофанзива во Херсон, во градот има само уште третина од жителите

Од:

Украинската армија тврди дека жителите на Херсон, кој е под руска окупација, добивале СМС пораки со предупредување да ги напуштат домовите што е можно поскоро.

Руските војници, наводно, ги предупредиле преостанатите цивили во градот дека украинската армија се подготвува за масовен напад и ги предупредиле луѓето да се евакуираат на десниот брег на Днепар.

Руската армија се подготвува за украинската контраофанзива на градот Херсон, кој Русите го зазедоа во првите денови од конфликтот. Во септември, рускиот претседател Владимир Путин ги анкетираше Херсон и уште три региони со декрет, а потоа прогласи вонредна состојба во сите региони.

Наталија Хумениук, портпаролка на украинските сили на југот, на државната телевизија изјави дека Русија истовремено го „окупира и евакуира“ Херсон, обидувајќи се да ги убеди Украинците да се повлечат, тврдејќи дека руската армија всушност се вкопува. Таа тврди дека Русите оставиле значително количество опрема и подготвиле позиции за гаѓање.

Претходно беше објавена информација дека Херсон останал без струја. Агенцијата ТАСС објави соопштение од службите за вонредни состојби дека ракета ХИМАРС ја погодила и оштетила браната. Малку подоцна РИА Новости објави дека во Херосно нема струја и дека причина за тоа би можело да биде најавата дека наскоро ќе започне битката за градот.

Во главниот извештај од Херсон, главниот град на истоимениот регион, дописникот на Гардијан пишува дека градот е непрепознатлив. Од околу 350.000 жители пред почетокот на војната, денес овде живеат само околу 70.000 луѓе. Повеќето од нив го напуштија градот за време на руската евакуација на цивилите преку реката Днепар или побегнаа затоа што веруваа дека руските тврдења дека Украинците ќе ја уништат хидроцентралата Каховка и ќе го нападнат Херсон.

Од друга стана претставник на адмистрацијата во Херсон што ја поставија Русите тврди дека украинската армија натрупува голем број тенкови и оклопни возила на приодите кон регионот Херсон,

„Се концентрираат многу единици опрема, со се повеќе оклопни возила, тенкови“, рече изјави заменик-шефот на регионот Кирил Стремусов во видеото објавено на Телеграм.

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски