Русите се огласија за авионската несреќа: Украина е виновна

Од:

По повод падот на азербејџанскиот патнички авион кој беше на пат кон главниот град на Чеченија, денеска се огласија руските власти.

„Ембраер Е190АР, кој се урна во близина на Актау, не можеше да слета во Чеченија поради густата магла и нападите на украинските терористички беспилотни летала“, изјави Дмитриј Јадров, шеф на руската Федерална агенција за воздушен транспорт.

Тој додаде дека азербејџанскиот патнички авион, кој се урна во Казахстан, морал да биде пренасочен од аеродромот во рускиот град Грозни, кој беше привремено затворен поради напади со украински беспилотни летала.

„Друга причина се лошите временски услови“, рече тој.

Патничкиот авион на „Азербејџан ерлајнс“ падна во близина на аеродромот во Казахстан. Авионот „Ембраер 190“ полетал од Баку, главниот град на Азербејџан и се упатил кон Грозни во Чеченија. Некаде над Каспиското Море, пилотот пријавил во контролата на летање дека GPS сигналот е изгубен и дека има проблеми со леталото.

Авионот се урнал во градот Актау во Казахстан, каде пилотот се обидел принудно да слета. Првите информации укажуваа дека летот е пренасочен кон Казахстан поради густата магла на аеродромот во Грозни, но и дека постојат сомнежи дека авионот удрил во јато птици, што наводно довело до трагедијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Веруваме дека нема преживеани, се префрламе на пронаоѓање и извлекување тела“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 30 тела извлечени од реката, авионот преполовен

Катерина Ѓуровски

Во авионот што се урна биле и поранешни светски шампиони во уметничко лизгање Шишкова-Наумов

Катерина Ѓуровски

Трамп: Зошто контролната кула не му кажала на хеликоптерот што да прави

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимка од моментот на удар меѓу авионот и хеликоптерот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Патнички авион се судри со Black Hawk над Вашингтон, се извлекуваат тела од реката Потомак

Катерина Ѓуровски