Русите рано утринава го нападнаа Харков, две лица загинаа, пожари на улиците во градот

Од:

Во нов руски напад врз Харков, вториот по големина град во Украина, загинаа двајца цивили, а седум беа ранети, објави регионалниот гувернер Олех Синехубов на Телеграм, пренесува Ројтерс.

Украинската национална полиција на Телеграм, напиша дека нападот бил извршен со беспилотни летала, а веста ја поткрепи со слики од пожари кои избувнале на градските улици покрај зградите.

Јавната телевизија Суспилна јави дека е оштетена висококатница во населбата Шевченкиски, а била запалена и продавница. Други медиуми јавија дека нападот се случил нешто по полноќ.

Синехубов претходно пријави напад врз станбена зграда во Харков и ракетен напад врз село северно од градот.

Харков се наоѓа во североисточна Украина и е честа руска мета, а нападите се интензивираат во последните неколку недели. Во средата четири лица беа убиени во напад со беспилотно летало врз градот, а станбените блокови беа сериозно оштетени.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак, изјави за Политико во интервјуто објавено во четвртокот дека го гледа Харков како најверојатна цел на каква било нова руска офанзива во мај или јуни.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски