Русите го вратија Навални во затвор, закрепнал од последиците на штрајкот со глад

Од:

Критичарот на Кремљ, рускиот опозиционер Алексеј Навални, е вратен во неговиот првичен казнено-поправен дом, каде што издржуваше казна откако закрепна од последиците на штрајкот со глад во болница во друг затвор, јави ТАСС.

Опозицискиот политичар (45) започна штрајк со глад кон крајот на март за да побара подобра медицинска помош во затворот откако доби силни болки во нозете и грбот. Тој го прекина штрајкот со глад во април по укажаната лекарска помош.

По враќањето во неговиот „стар“ затвор, Навални ќе присуствува преку видеоврска на судско рочиште каде се разгледуваат неговите тврдења за условите во затворот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски