Русите го уриваат театарот во Мариупол, Украина тврди: Сакаат да ги сокријат доказите

Од:

Властите назначени од Русија ги уриваат остатоците од театарот во Мариупол, кој беше тешко оштетен за време на нападот во март, во кој беа засолнети стотици цивили.

„Окупаторите се изјаснија дека ќе ги демонтираат урнатините на Драмскиот театар и на негово место ќе изградат нова зграда. Сега багер ги расчистува урнатините од страната на сцената. Жителите веруваат дека реставрацијата на зградата може да потрае три до пет години“, соопшти локалната заедница, а пренесува Си-Ен-Ен.

Петро Андриушченко, советник на украинскиот градоначалник на Мариупол, кој сега е во егзил, на Телеграм напиша дека „окупаторите во Мариупол срушија половина од Драмскиот театар“.

Украинскиот министер за култура Олександр Ткаченко изјави дека Русија се обидува „засекогаш да ги скрие доказите за намерното убиство на Украинците“ со обновување на театарот.

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ