Русите го уапсија украинскиот агент кој разнесе два воза во Сибир

Од:

Руската Федерална служба за безбедност објави дека уапсила маж од белоруска националност обвинет за кревање во воздух два воза во Сибир по наредба на украинската разузнавачка служба, како дел од саботажа против руската инфраструктура, пренесува Ројтерс.

Според ФСБ, уапсениот поставил експлозивни направи во два воза, а инструкции добил од друг сонародник кој бил во Литванија и работел за Украина.

„Тој призна дека набавил осум експлозивни ги поставил во вагони со гориво“, се вели во соопштението на ФСБ.

По двата напади, на 29 и 30 ноември, во руската област Бурјатија, која граничи со Монголија, украински извор за Ројтерс тогаш изјавил дека операциите биле спроведени од Службата за безбедност на Украина со намера да ги прекине железничките линии во Сибир што Русија ги користи за воени цели. Во првиот напад, експлозив беше активиран на товарен воз кој се движеше низ тунелот Северому крај автопатот Бајкал-Амур, додека во вториот беше погоден товарен воз додека го преминуваше Ѓаволскиот мост во истиот регион на железничка линија што се користи како резерва кога возовите се пренасочуваат од тунелот.

Од избувнувањето на конфликтот во Украина, Русија се соочи со серија акти на саботажа против различни инфраструктурни и транспортни објекти, пишува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

ФСБ приведе научникот под сомнение за велепредавство

Горан Наумовски

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Путин одлучи: Бортников е нов директор на Федералната служба за безбедност на Русија

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

ФСБ: Британските специјални служби ги надгледуваа повеќето диверзантски напади на Крим

ФСБ: Измамници лажат дека се наши агенти

Горан Наумовски