Русин напиша на снегот: „Не за војна“, експресно осуден, заврши во затвор

Од:

Руски суд осуди на 10 дена затвор мажот кој на снегот на влезот на лизгалиштето во паркот Горки во Москва напиша „Не за војна“. Според судските документи, инцидентот се случил на 23 ноември, а лицето по име Дмитриј Фјодоров е осудено следниот ден откако полицијата го привела.

Полицијата тврди дека неговиот чин може да се смета за граѓански прекршок според законот, кој ги таргетира сите за кои се смета дека јавно дејствувале за да ги дискредитираат руските вооружени сили, прекршок кој во неговиот случај се казнува со парична казна.

Новите закони за сузбивање на несогласувањето дојдоа веднаш откако претседателот Владимир Путин испрати десетици илјади војници во Украина во февруари 2022 година во, како што рече, „специјална воена операција“. За оние кои се противат на руската војна во Украина, јавното говорење оттогаш стана ризично, а критичарите велат дека речиси 20.000 луѓе се приведени и повеќе од 800 кривични случаи се отворени.

Би можело да ве интересира

Москва: Киев не може да се согласи со обврските за решавање на конфликтот во Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Спречен терористички напад во административни згради во Москва

Горан Наумовски

Руската полиција спречи голем терористички напад во Москва

Москва: Пресудата против Додик ќе има катастрофални последици за ситуацијата во Босна и Херцеговина и целиот регион

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД