Русија за утре наутро најави ново хуманитарно примирје во Украина

Од:

Руската армија најави дека утре наутро ќе воведе ново примирје за евакуација на цивили од Украина, по воспоставувањето на хуманитарни коридори.

– Русија најавува прекин на огнот на 9 март во 10 часот по московско време (08:00 часот по средноевропско време) и е подготвена да воспостави хуманитарни коридори, соопшти одделот задолжен за овие прашања во руската Влада, пренесоа светските агенции.

Според Москва, предлогот ќе биде пренесен на украинските власти, кои до полноќ треба да потврдат воспоставување на хуманитарни коридори и од колку часот тие ќе бидат во функција.

Утринава беа воспоставени патишта за евакуација на цивили, особено од местото Суми на североисток, од каде во текот на денот тргнаа два конвои.

Продолжуваат евакуациите и во регионот на Киев.

Во другите градови, како Буча на север и Мариупол на југ, цивилите сè уште се блокирани.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција

Сибиха: Забраната за директни преговори со Путин останува на сила

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Ќе треба многу време за да се постигне мирно решение во Украина

Горан Наумовски

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина