Русија усвои нова стратегија за надворешната политика: САД и Западот се егзистенцијална закана за Москва

Од:

Русија денеска усвои нова стратегија за надворешната политика, која ги издвои САД и Западот како извор на „егзистенцијална закана“ за Москва.

„Потресите на меѓународната сцена“ ја принудуваат Русија да ги „прилагоди документите за стратешко планирање, особено концепцијата на надворешната политика на Руската Федерација“, рече претседателот Владимир Путин на состанокот на неговиот Национален совет за безбедност.

Според шефот на дипломатијата, Сергеј Лавров, новиот документ ја нагласува „егзистенцијалната природа на заканите создадени од акциите на непријателските земји“, квалификувајќи ги Соединетите држави како „главен двигател и лидер на антируската линија“.

„Генерално кажано, западната политика која има за цел да ја ослабне Русија со сите средства се карактеризира како хибридна војна од нов вид“, рече Лавров.

Новата руска стратегија за надворешна политика се заснова на принципот дека „на антируските мерки на непријателските земји постојано ќе им се спротивставува, доколку е потребно и остро“, додаде тој.

Усвојувањето на оваа нова надворешнополитичка стратегија го потврдува длабокиот јаз што постоеше меѓу Москва и западните земји од почетокот на руската офанзива врз Украина.

Би можело да ве интересира

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио