Руската полиција денеска ја приведе Љубов Собољ, соработничка на затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални, која заедно со него ја има основано Антикорупциската фондација, изјави нејзиниот адвокат.
Собољ е приведена откако во саботата ги повика приврзаниците на Навални да излезат на улица и да побараат негово ослободување.
Нејзиниот адвокат во кратка објава на Твитер не ја наведе причината за нејзиното апсење, но руските власти соопштија дека планираните собири се илегални и ќе бидат преземени мерки против оние кои поттикнуваат други на протести.