Русија тврди дека не поседува „новичок“ и дека го имаат 20 западни земји

Од:

Токсични супстанци од групата „новичок“ се развиваат во најмалку 20 западни земји и моментално има 140 негови верзии, а Русија ги нема, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека структурата и масовниот спектар на боевиот агенс „новичок“ за првпат биле претставени во спектралната база на податоци на Институтот за американски стандарди, а Конвенцијата за хемиско оружје подоцна откри цела лепеза на токсични хемикалии врз основа на тоа соединение.

“Покрај САД, уште најмалку 20 западни земји работат на „новичок “. Затоа „новичок” е чисто западен бренд. Тој е синтетизиран и е достапен во тие земји во 140 верзии. Ние го немаме”, соопшти Министерството.

Во соопштението се проценува дека изјавата на германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, дека се апсурдни барањата на Русија до Германија и до Организацијата за забрана на хемиско оружје заради ситуацијата со рускиот опозиционер Алексеј Навални, и дека предизвикуваат негодување и не придонесуваат во истрагата.

“Се што сакаме е правна, техничка и организациска помош во интерес на сеопфатна, непристрасна и објективна истрага за тоа што се случи. Ние многу би сакале да знаеме кој стои зад антивооружената провокација која беше организирана од самиот почеток. За возврат добиваме агресивна реторика и чиста манипулација со фактите“, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот