Руските системи за противвоздушна одбрана соборија два беспилотни летала со фиксни крила над Брјанска област, а при падот на беспилотните летала не е предизвикана штета и нема жртви, соопшти гувернерот на тој регион.
„Системите за воздушна одбрана на руското Министерство за одбрана го спречија украинскиот терористички напад. Два дрона беа соборени над областа Брјанск. Не е причинета штета, ниту има повредени“, напиша гувернерот на таа област Александар Богомаз на својот Телеграм канал.