Русија: Соборен е украински Су-27, загинаа повеќе од 580 украински војници

Од:

Руските сили за воздушна одбрана соборија украински борбен авион Су-27, како и шест проектили од американскиот систем Химарс и 97 беспилотни летала, соопшти руското Министерство за одбрана.

Според официјалниот извештај, од почетокот на специјалната воена операција, руските сили уништиле вкупно 651 авион, 283 хеликоптери, 39.144 беспилотни летала, 590 ракетни системи, 20.137 тенкови, 1.504 повеќецевни ракетни фрлачи и 20.134 артилериски оружја, како и 29.701 воени моторни возила, јави ТАСС.

Украинските сили во последните 24 часа претрпеа загуби на повеќе од 580 војници, а уништени се еден тенк, едно оклопно возило, девет оклопни борбени возила, два артилериски системи, еден ракетен систем и 36 моторни возила.

Би можело да ве интересира

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Нападната е Одеса, тројца се повредени, пламнаа пожари

Песков: ЕУ сака да продолжи конфликтот во Украина