Русија со дронови камикази го нападна Киев

Од:

Во текот на ноќта Русија ја започна третата рунда напади врз Украина во последните шест дена. Беспилотно летало погоди зграда во регионот Днепро, а останатите се испратени кон главниот град, соопштија украинските власти.

Командата на воздухопловните сили на Украина соопшти дека нејзините сили уништиле 21 од 26-те беспилотни летала Шахед од иранско производство, лансирани од Русија, додека властите во Киев рекоа дека системите за воздушна одбрана ги елиминирале оние испратени над градот. Нема извештаи за жртви.

„Сите непријателски цели се идентификувани и соборени во воздушниот простор околу главниот град“, соопшти воената администрација на Киев. Сирените за воздушен напад се слушаа во Киев и околниот регион неколку часа, соопштија официјални лица.

Би можело да ве интересира

Русија освои неколку населби во регионот на Харков

Предраг Петровиќ

Русија нападна 30 места во областа Харков, во тек масовна евакуација

Генералштаб на Украина: Русија се обидува да изврши офанзива врз регионот Харков

Предраг Петровиќ

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ