Русија и Сирија во ОПЦВ донесоа сведоци со кои тврдат дека хемискиот напад е исцениран, западните земји го бојкотираа состанокот

Од:

Русија и Сирија во Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) во Хаг донесоа неколку здрави луѓе од Гута за да докажат дека на почетокот на месецот таму не се случил хемиски напад.

Делегацијата од Велика Британија тоа го оцени како егзебиција и заедно со Франција и САД го бојкотираа состанокот, кој се одржа зад затворени врати.

– ОПЦВ не е театар, изјави Питер ВИлсон, британскиот делегат во организацијата.

– Одлуката на Русија да ја злоупотребува оваа организација е уште еден нивен обид за поткопување на работата, а особено на утврдувањето на фактите за хемискиот напад во Сирија, додаде тој.

Русија и Сирија кажаа дека имаат сведоци и лица кои биле користени и наместени во лажните видео снимки од хемискиот напад во Дума.

ОПЦВ истражува дали на 7 април во Дума било користено хемиско оружје во напад, во кој, наводно, настрадале десетици лица.

Тој напад беше причина за бомбардирање на Сирија, од страна на САД, Франција и Велика Британија.

Русија и Сирија ги отфрлаат тврдењата за хемискиот напад и тврдат дека тоа е дело на бунтовниците.

Францускиот амбасадор во ОПЦВ изјави дека не е изненаден што Сирија се обидува да прави театар носејќи луѓе во организацијата, туку дека го изненадува потегот на Русија.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот