Русија: Се знае која разузнавачка служба е вмешана во нападот на „Крокус сити хол“

Од:

Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина е директно поврзана со терористичкиот напад на „Крокус сити хол“ на периферијата на Москва, кога загинаа 144 лица, изјави директорот на Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) Александар Бортников.

„Веќе сега можеме со сигурност да кажеме дека украинската воена разузнавачка служба е директно поврзана со овој напад. Ќе ги утврдиме сите околности на злосторството и сите инволвирани ќе бидат кривично гонети“, изјави Бортников на состанокот на Советот на шефови на Безбедносни тела и специјални служби на земјите-членки на ЗНД во Бишкек.

Како што рече, повеќе од 20 лица вклучени во терористичкиот напад, меѓу кои и соучесници и извршители на злосторството, веќе се уапсени.

„Двајца од четворицата учесници во нападот пристигнаа во Русија од Турција непосредно пред терористичкиот напад“, додаде Бортников.

Директорот на ФСБ прецизираше дека подготовката, финансирањето, нападот и бегството на терористите биле координирани преку Интернет од припадници на „Гласот на Хорасан“.

Терористите добиле јасна команда по извршување на терористички напад да се упатат кон украинската граница, каде од таа страна е подготвен „прозорец“, потсети изјави директорот на Федералната служба за безбедност на Русија.

– Една од целите на нарачателите на терористичкиот напад беше да ги нарушат односите меѓу земјите на ЗНД со помош на верски и национални фактори, изјави Бортников.

„Нашите геополитички противници очекуваат да го уништат уникатниот меѓуетнички и меѓурелигиски баланс што беше создаден за време на долгиот период на соживот на нашите народи“, рече тој, заблагодарувајќи им се на своите колеги од специјалните служби на земјите-членки на ЗНД за нивната поддршка и помош.

– Истрагата се спроведува со помош на разузнавачките служби од Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан, додаде Бортников.

Сакам да ги уверам сите дека ќе се утврдат сите околности на кривичното дело и дека сите инволвирани во него нема да избегнат казна, посочи тој.

Во терористичкиот напад врз присутните на концертот на 22 март во „Крокус сити хол“ загинаа 144 лица, од кои шест деца, а 551 лице беа повредени.

Би можело да ве интересира

Во Русија е уапсен 12-от осомничен за терористичкиот напад на „Крокус“

Голема потера во Москва по осомничен терорист

ВИДЕО: Ни рекоа дека ќе добиеме по милион рубљи во Киев, сведочи еден од терористите од Москва

Катерина Ѓуровски

Путин: Безбедносните сили ќе ги откријат организаторите на терористичкиот напад на „Сити Хол Крокус“

Терористи од Дагестан го финансирале масакрот во Москва

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка