Русија се вмешува во уште една војна

Од:

Ежедневни журнал – Москва

Руските воени авиони, кои пред неколку дена итно се префрлени во Сирија, почнаа воздушна операција со нанесување прецизни удари по позициите на Исламската држава.

Само неколку часа претходно, Советот на Федерацијата му одобри на Путин користење наВоздухопливно-вселенските сили лоцирани во Сирија, а тој за возврат им вети дека „нема наивно да влезе во блискоисточниот конфликт‟.

– Нашите акции ќе бидат во рамки на строго заведените ограничувања. Прво сириската армија ќе ја поддржуваме исклучиво во законските рамки во борбата против терористите и второ, поддршката ќе се врши само од воздух, без вклучување на нашите копнени сили во овој конфликт, изјави Путин на проширениот состанок со владините претставници.

Учеството на руската војска во оваа војна, Путин го оправда со објаснувањето дека е подобро да се води војна на туѓа територија (територија која ја заземаа терористите), отколку да се чека „терористите сами, без тропање да влезат во нашиот дом‟.

Според соопштението на Министертсвото за одбрана, авионите на Воздухопливно-вселенските сили на Руската Федерација извршија 20 борбени летови и во таа прилика уништија воено командни центри на ИСИС на планините во Сирија. Во соопштението се подвлекува дека руското оружје не било применувано во близина на населени места и близу до објекти со инфраструктурна намена на граѓанското население.

Освен командните центри, руската авијација вршеше напади и врз магацините за оружје, муниција, гориво и масла, а исто така и по магацини за воена техника. Официјалниот претставник на воената управа, генерал-мајор Игор Конашенков, тврди дека целата операција започна по анализите на деталните извештаи добиени со набљудување на објекти од воздух и по потврдените разузнавачки податоци добиени од страна на штабот на сириската армија.

Деталот кој посебно паѓа во очи е тоа дека во сите руски официјални коментари, вклучувајки го и настапот на Путин на состанокот со министрите, специјално подвлекува дека воената операција на нашите Воздухопливно-вселенски сили, за разлика од воздушните удари на САД, Франција и Австралија, не е против нормите на меѓународното право.

За своите воздушни интервенции против ИД, меѓународната коалиција предводена од САД не доби ни одобрение од ОН, ни официјална молба од сириската влада, а Русија интервенираше дури по обраќањето од страна на владата на Асад и сите свои воени дејствија ги спроведува во режим на строга координација со официјалната сириска војска.

И токму на неа, според ставот на Путин, е доделена основна улога за водење на копнената операција во борба против терористите. Русија обезбедува само поддршка од воздух и повремено ја снабдува сириската армија со оружје и муниција.

Изгледа дека брзиот развој на настаните ги обесхрабри потенцијалните сојузници на Русија во борбата против Исламската држава. Така вториот човек на Пентагон Роберт Ворк изјави дека неговото Министерство сериозно е загрижено поради „агресивните‟ дејствија на руската армија.

Тие во Пентагон очигледно сметаат дека по средбата на Путин и Обама, меѓу двете министерства ќе настапи период на долги преговори и консултациии во разработка на заедничка стратегија и тактика на завоениот регион. Наместо тоа, не се оптоваруваат со некои посебни објаснувања, Русија само неколку часа пред почетокот на операцијата испрати свое барање до САД на нејзините воени авиони да забрани летови во воздушниот простор на Сирија.

И сето ова совршено се вклопува во карактерот на настаните кои последните години во меѓународните одности ги култивира Путин. Тој речиси навикна на тоа со секавични и не секогаш предвидливи потези да го доведува Западот пред свршен чин. Воената операција во Грузија, потоа анексијата на Крим, беа две мали победоносни војни кои на Путин му донесоа завиден рејтинг, а тоа е нешто што неизбежно бара продолжение.

Така е сосема природно „блицкиг-от“ повторно да стане негов главен влог во играта која овој пат се вика „Сириска криза‟. А и ризиците, би се рекло, се значително помали, бидејќи со поддршка на руската авијација, армијата верна на Асад за неколку дена (или недели) мора да оствари некои видни воени успеси. А ако тоа не се случи, авионите лесно можат да се свртат и полетаат назад, а сите неуспеси да паднат на сириската војска.

Но, затоа, во случај операцијата да успее, Путин добива одлична прилика тој да биде оној кој ќе го „учи‟ Западот како треба се војува против ИД. Секако, успехот би му обезбедил завидно место во меѓународната антитерористичка коалиција, укинување на статусот на нарушено стопанство и враќање во пристојно општество на „добри момчиња‟. А таму, малку подоцна, и Крим ќе биде заборавен. Уште попрво ако во југоисточна Украина ги прекинат борбите.

Што ќе му е на Путин „блицкриг“, тоа е јасно. Но, големо прашање е дали тој и треба на Русија? Русија ненадејно е вовлечена во уште една војна, војна која воопшто не мора да биде мала и победоносна… И во ниеден случај нема да биде ефтина.

Анексијата на Крим и поддршката на марионетските режими во Доњецк и Луганск, брзо се сменија во константи повеќе милијардни трошоци на буџетот. А тука се поцинкуваните ковчези со тела на „воените туристи‟ кои само од нивни познати причини своите годишни одмори го поминуваат токму во југоисточна Украина.

Воената операција во Сирија злокобно се заканува со нови жртви, жртви кои ќе бидат положени на олтарот на рејтингот на Путин.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала