Русија: Се соочуваме со нова светска реалност

Од:

Се работи многу на новиот концепт на надворешната политика на Руската Федерација, имајќи предвид дека меѓународните околности се менуваат многу брзо и се создава нова светска реалност, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков на Источниот економски форум ( ЕЕФ).

„Работата на овој документ е во тек. Факт е дека околностите на меѓународната политичка сцена се менуваат многу брзо. Се соочуваме со нова светска реалност, која треба да се земе предвид при креирањето на концептот“, изјави Песков.

Тој рече дека нема потреба да се брза со изработката на тој документ, но додаде дека многу земји изразиле отворено непријателство кон Русија.

„Поради таквите ставови кон Русија, неопходно е да се минимизираат негативните последици од нивните постапки. Има многу земји кои отворено ја покажаа својата воинствена позиција кон Русија. Тие земји преземаат различни дејства кои се спротивни на нашите интереси и ни нанесуваат штета. Значи, мораме да создадеме рамнотежа, да ги намалиме негативните влијанија“, рече Песков.

Тој оцени дека не е фер да се каже дека Русија по западните санкции се сврте кон исток.

„Азиско-пацифичкиот регион отсекогаш бил важен за Русија. Всушност, тоа е нашиот најважен регион, така што не е точно да се каже дека сега се свртевме кон исток и почнавме да ги менуваме приоритетите. Се разбира, кога Западот вештачки воведе рестриктивни мерки кон Русија, трговијата и економиите почнаа уште повеќе да се вртат кон исток“, додаде Песков.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ