Министерството за одбрана на Русија оцени денеска дека глобалното распоредување на противракетниот систем на САД претставува закана по светската безбедност, со цел да се ограничат Русија и Кина, пренесува Танјуг.
Министерството предупреди и дека распоредувањето би можело да покрене нова трка во вооружување.