Русија против петстрани преговори за севернокорејската нуклеарна програма

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го отфрли предлогот на Јужна Кореја за одржување петстрани преговори за севернокорејската нуклеарна програма, од кои би бил исклучен Пјонгјанг, јави јужнокорејската агенција Јонхап.

Според Лавров, обидот за изолација на Северна Кореја „не е добра идеја“.

Предлогот за организирање преговори за нукеларната програма на Северна Кореја меѓу Јужна Кореја, Јапонија, Кина, Русија и САД, без учество на претставници на Пјонгјанг, минатиот петок го промовираше јужнокорејската претседателка Парк Гуен-хје.

Парк оцени дека е потребен „покреативен пристап“ во преговорите за нуклеарната програма на Пјонгјанг, бидејќи, според неа, досегашниот формат на разговори на петте земји плус Северна Кореја се покажал како неефикасен.

– Слушнавме за предлогот на Јужна Кореја за преговири во формат „шест минус еден“, но мислиме дека тоа не е добра идеја. Во таков случај би произлегло дека сакаме да изолираме некого. Обидите за изолација на Иран не донесоа ништо добро. Таа грешка не смее да се повтори и со Северна Кореја, изјави Лавров.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија