Русија протера тројца словачки дипломати

Од:

Руското Министерство за надворешни работи денеска го повика словачкиот амбасадор во Москва, Петер Припутен, да му предаде нота во која се бара тројца словачки дипломати да ја напуштат Русија.

Станува збор за реципрочна мерка по неодамнешното протерување на тројца руски дипломати од Братислава, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

„Ние го гледаме овој непријателски чин на словачката влада како кршење на духот на традиционалните, конструктивни односи меѓу нашите две земји“, се наведува во руската нота.

Словачкиот премиер Игот Матовиќ оцени дека првичната одлука на словачките власти е донесена во врска со убиството на Грузиецот Зелимкан Кангошвили, минатата година во Берлин.

Би можело да ве интересира

Калас: Русија претставува егзистенцијална закана за безбедноста на ЕУ

Фицо: Словачката опозиција се подготвува за свој „Мајдан“

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он